Владата именуваше директори и членови на одбори


На оваа своја седница владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, членови на комисии, како и други кадровски прашања. Така, Владата го отповика  Бејназ Арифи од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, а за истата позиција го именуваше  Скендер Мехмети.

Владата да ја прифати оставките на проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ од должноста член на Националната комисија за учебници, Дејан Ампев од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување и Муса Ибраими од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Владата реши исто така да го именува  Арбен Ќерими за  в.д. заменик на директорот во Агенцијата за катастар на недвижности. Во Центарот за управување со кризи Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски од  должноста в.д. заменик на директорот  и го именуваше  Екрем Зендели на истата позиција.

За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Кичево Владата го именуваше Назим Сулејмани, а Авдил Јонузи за  подрачјето на Град Скопје.

Согласно  Законот за државното правобранителство на Јованка Ѓорѓеска да и утврди престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрaчјето на Тетово, поради исполнување на услови за стекнување на правото на старосна пензија. Владата донесе предлог одлука за распишување оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Тетово.

Сеадет Јусуфи беше именуван за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука,  Олимпија Христова Заевска е разрешена од должноста член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а на нејзино место е именувана Ширет Елези.

Владата исто така ќе му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот, а на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази. На Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, Владата ќе препорача  да го именува за в.д. директор Хари Локвенец.