Висок пораз за македонските кошаркарки на гостувањето во Солун


 Македонската женска кошаркарска репрезентација попладнево загуби од грчката репрезентација на гостински терен со 101:47.

Домашната селекција во целост ја оправда фаворитската улога и дојде до третиот триумф во групата „Ф“.

Во македонскиот состав се истакна Мерит Хемпе, која ја заврши средбата со 21 поен, на кои додаде и осум скока и две асистенции.

По овој меч, Македонките остануваат на една победа и сега имаат четири порази, во пресрет на последното 6. коло и дуелот со Хрватска, закажан за 17 март во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

На другиот натпревар од 5. коло во Ф-групата од квалификациите за Евробаскет 2027, Данска ја совлада Хрватска со 81:61.

Табела: Данска 8 бода, Грција, 8 бода, Хрватска 8, Македонија 6.