Викторија Јаначковиќ стана мајка: Никита е мојот свет


Викторија Јаначковиќ, ексмис и манекенка и дипломиран стоматолог, неодамна се пофали на социјалните мрежи дека станала мајка . На 26 јануари Викторија на свет донесе здраво и право девојче, кое го добило името Никита.

„Многу ми е антипатично кога една јавна личност ќе почне да излегува од „фрижидер“ поради нејзината бременост. Во бременоста не бев воопшто поразлична од другите жени. Го прескокнав оној дегутантен дел сликање  со гол стомак. Со самото тоа, ретко кој освен моите најблиски и неколку пријатели знаеа што се случува“ – ќе изјави гордата мајка во медиумите.

Јаначковиќ не го открива идентитетот на таткото на Никита. Вели, не се во брак, но се во постојана комуникација заради бебето. 

Јаначковиќ во 2016 година се омажи и се пресели во Лондон, а по само една година се разведе.

Со завидно манекенско портфолио создавано 20 години, една од најомилените манекенки на македонската модна сцена и ексмис, Јаначковиќ од пред неколку години отвори ординација во Скопје  за разубавување на дамите. Сега со нејзината работа, по породувањето, ќе паузира, иако има голема помош од семејството, но вели, нема да се откаже во иднина.