Викнале брза помош, но не сакале да стават маски, туку навредувале

Синоќа во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на ул.„Стокхолмска” бидејќи имале повик дека на лицето Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица.
Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, соопштија денеска од МВР, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.