(Видео)Еруптира вулкан на карипски остров, 16.000 луѓе итно евакуирани


Вулкан еруптираше на источнокарипскиот остров Свети Винсент, пишува Би-Би-Си.

Откако во четвртокот се засили вулканската активност на Ла Соуфрир и вулканот започна да исфрла големи количини пепел, повеќе од 16.000 жители итно беа евакуирани.

Евакуираните лица привремено биле згрижени на бродови за крстарење и на побезбедни делови на островот.