(Видео) Жена во Австралија го запали хотелот во кој била сместена во карантин


Жена во Австралија е уапсена откако наводно го запалила хотелот во кој била сместена заедно со своите две деца, во задолжителен двонеделен карантин.

Огнот во неделата го зафатил горниот кат на хотелот „Пацифик“ во градот Карис на североистокот на земјата, при што 160 луѓе биле евакуирани. Повредени нема, но причинета е голема материјална штета.

Властите соопштија дека 31-годишната шена запалила оган под креветот во собата во која била сместена по само неколку дена од задолжителниот карантин откако во Квинсленд влегла од друга држава.

Таа предизвикувала и други проблеми со персоналот пред овој инцидент.

Двете деца се ставени под полициска заштита, а таа е обвинета за подметнување пожар и намерно оштетување и треба да се појави пред суд.