(Видео): Во поплавите во Кина најмалку 300 жртви


Во поплавите кои ја погодија централна Кина загинале најмалку 302 лица, пренесува АФП. Десет илјади луѓе беа евакуирани на крајот на јули од поплавените куќи.

Голем број на градови беа поплавени, а големото невреме продолжи да се движи кон северниот дел на Кина. Штетата, според новинарската агенција Синхуа би изнесувала околу 189 милиони долари.

Еден сведок за Би-Би-Си изјави дека четири часа била заглавена во голема поплава, а потоа спасувачките екипи успеале да ја извадат.

„Имаше премногу вода, а водата течеше на вратите од подземните железници. Прилично сум висок, но за 5 минути водата ми дојде до врат.“ изјави сведок за Џиупаи њуз.

https://youtu.be/4l-1_y6-hbs