(Видео) Во Лондон може да посетите копија на станот од детективот Шерлок Холмс
Во близина на станицата Шеринг крос во Лондон се наоѓа паб „Шерлок Холмс“, кој е поделен на два ката. Во прземјето може да се опуштите со пијалок, а на катот ве чека копија на станот во кој живееле славниот детектив Шерлок Холмс и неговиот помошник Д-р Вотсон.
Станот, според зборовите на сопственикот, наместен е да изгледа точно како што изгледал кога во него престојувала детекстивската двојка.
Во просторијата внимателно се наредени исечоци од весници, фотографии, писма, книги, слики, виолина… Со влегвањето во музејот посетителите патуваат назад во 1881 година и имаат прилика да ги видат и да ги допрат предметите кои се опишувани во книгите за познатиот детектив.
Музејот секоја година привлекува стотици илјади посетители од сите делови на светот, а посебно е интересно што при посетатат на куќата може да купите неколку вредни сувенири кои се спомнуваат во книгите на Артур Конан Дојл и се прикажуваат во остварувањата за детективот.