(Видео) Вистинска сензација: Чистење снег на досега невиден начин


Жител на Кентаки стана интернет сензација откако беше снимен како користи пламен фрлач за да го расчисти снегот пред својот дом.

Кентаки е држава во која снегот не е невообичаен. Но, освен што им го разубавува зимскиот распуст, снегот неминовно им прави проблеми на жителите, па тие мораат да користат лопати за да излезат од дома.

Меѓутоа, сопственикот на куќата во Ешленд, град во североисточниот дел на државата, имал други планови.

Зошто да чистиш со лопата кога едноставно можете да го стопите снегот со пламен фрлач!