(Видео) Трамп мафташе со документ, фотографите сликаа, зголемија и открија детали


Американскиот претседател Доналд Трамп случајно откри детали од спогодбата за имиграција од Мексико, кога мафташе со хартиите на кои се наоѓаа детали од договорот.

Претходно, тој одби на новинарите да им ги открие плановите, наведувајќи дека се тајни, пренесува BBC.

Но, тој ги откри мафтајќи со потпишаниот договор, што фотографите го сликаа, го зголемија и на тој начин открија детали од договорот.

Во него се наведува планот Мексико да се означи како трета земја и дека Мексико се обврзала веднаш да ги преиспита своите закони за да може да стане трета земја.

Планот содржи и делови од регионалниот план за азил кој би вклучил и неколку јужноамерикански земји кои прифаќаат мигранти.