(Видео) Топка ја погоди новинарката во глава во јавувањето во живо од „Месталја“
Известувањето покрај фудбалски терен во текот на загревање на играчите може да биде незгодно искуство, а тоа на сопствена кожа го почувствува новинарката на шпанската телевизија GOL пред натпреварот од полуфиналето на Европската лига меѓу Валенсија и Арсенал, одиграна во четврток вечер.
новинарката се јавуваше во живо покрај теренот на стадионот кога еден играч од Валенсија силно шутираше и ја погоди директно во глава.
Снимката од инцидентот брзо се прошири по социјалните мрежи и до полувремето беше прегледана 250.000 пати.