(Видео) Тинејџер во Бразил со мачета уби две деца во градинка


Во бразилскиот град Саудадес, 18-годишник со мачета уби најмалку две деца и рани негувателка во градинка, пишува Би-би-си.

Убиените деца имале по две години.

Соседите слушнале пискотници и доле во градинката, а тинејџерот наводно во тој момент га свртел мачетата кон себе.

Уапсен е, а поради повредите пренесен е во болница.

Градската службеничка Силвија фернандес дос Сантос, потврди дека починале две деца, но локалните медиуми известуваат за поголем број жртви.

Во градинската имало неколку десетици деца, а тие се преместени на сигурно.

И порано се случувале смртоносни напади во бразилските образовни институции. Така, 12 деца беа убиени во 2011 година во Рио де Женеиро и 22 потешко повредени откако 23-годишен поранешен ученик пукал со огнено оруѓје. Жртвите тогаш беа на возраст од 12 до 14 години.

Пред две години двајца напаѓачи убија пет ученици, директорот и учител во Раул Бразил во близина на Сао Паоло.