(Видео) Сред лето падна снег во Москва


Снег падна во една московска област, а ги изненади и метеоролозите.

Снегот почнал да паѓа во областа Зјузуно, која се наоѓа на југозападниот дел од руската престолнина, соопштија очевидци на необичната појава за ова време од годината.

Снимка од јулски снежни врнежи објави весникот „Известија“.

При објавување на прогнозата во четврток наутро на страницата на Хидрометеоролошкиот центар метеоролозите не соопштија ништо за зимските врнежи во главниот град на Русија.

Тие за Москва најавија малку дожд и температура до 24 степени.

Снег на 29 јуни падна и во Анадисркиот регион Чукотка.

Но, температурата во таа област била околу три степени Целзиусови, што е сосема погодно за снежни врнежи.