(Видео) Силни ветрови соборија огромна реплика на Статуата на слободата! „Технички беше исправна“
Реплика на Статуата на слободата висока 24 метри пред стоковната куќа „Хаван“ во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради налети на ветер што достигнаа брзина од 80 до 90 километри на час, објавува „Јутарњи лист“.
Никој не е повреден при падот на статуата, а нема материјална штета бидејќи возилата во близина на статуата беа брзо преместени.
Областа беше веднаш изолирана, а отстранувањето на остатоците започна неколку часа подоцна.
Синџирот на стоковни куќи „Хаван“, сопственик на репликата на Статуата на слободата, тврди дека е технички исправна и најави дека ќе го истражи инцидентот.
Падот на репликата беше снимен и објавен на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/2000670408018723177