(Видео) Пукање во американско училиште, има мртви и ранети


Момче на возраст од 15 години во средно училиште во американската држава Мичиген уби тројца школски другари и рани уште осум други пред да биде приведен.

Тој пукал од полуавтоматско оружје.

За едно од ранетите лица, потврдено е дека е професор во средното училиште „Оксфорд“, во местото Оксфорд Тауншип, 65 километри северно од Дакота, соопштено е од канцеларијата на шерифот на округот Окланд.

Убиени се 16-годишно момче и по едно 14 и 17-годишно девојче.

Се верува дека осомниќениот, ученик во втора година во училиштето делувал сам, а при апсењето пружал отпор. Претходно испалил 15 до 20 куршуми, а целиот инцидент траел околу 5 минути.

Приведениот не сакал да разговара со полицијата, а барал да разговара адвокатот.

Претседателот Џо Бајден е информиран за инцидентот, а тој изрази жалење и сочувство до семејствата.

Според гувернерката на Мичиген, Гречен Витмар, пукањето во средно училиште е „ужасно“.

– Како граѓани на Мичиген, имаме одговорност да направиме сѐ што можеме да се заштитиме едни од други од насилство – рече Витмар.