(Видео) Пожарот во Самоков се прошири кон село Рамне, изгорени дел од гробиштата, камбанаријата и мензата


Пожарот кој избувна кај фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во Самоков вчеравечер се проширил во правец на село Рамне каде што изгорел дел од црковниот двор со гробиштата, дел од мензата и дел од камбанаријата.

Справувањето со пожарот се одвива само од копно и со голема помош на жителите на локалните села кои со своја механизација се обидуваат да го изгаснат пожарот.