(Видео) Потресно видео од фронтот – Војник се тресе и плаче, а офицерот го прегрнува

Судирите меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах од ден на ден се проследени со сè побрутални снимки на уништување и крвопролевање, а денес беше објавена нова снимка која ги потресе сите луѓе што ја гледаа.

Објавеното видео од линијата на фронтот покажува ерменски војник кој репортира кај офицеро.

Како што изговара: “Командата е извршена. Позициите се обезбедени. Непријателот е уништен”, војникот цело време се тресе. Чадот од осветлената опрема може да се забележи околу него по штотуку завршената борба, како и телата на убиените војници.

Повеќе од очигледно е дека војникот е под голем стрес и се чини дека секој момент ќе се сруши. Сепак, неговиот командант го фаќа за рака со која војникот го поздравува и го прифаќа во неговите раце. Краткиот клип јасно го прикажува целиот ужас од војната низ која војниците минуваат низ борбите во регионот Нагорно Карабах.

Конфликтот во Нагорно Карабах започна во февруари 1988 година, кога овој автономен регион објави отцепување од Азербејџан. По вооружениот конфликт во периодот 1992-1994 година, Баку изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони.

Преговорите за мирно решавање на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, Соединетите држави и Франција. Азербејџан инсистира на зачувување на својот територијален интегритет, а Ерменија ги штити интересите на непризнатата република, имајќи предвид дека Нагорно Карабах не е страна во преговорите.

Борбите продолжија во текот на претходната ноќ по целата линија на контакт и досега се убиени најмалку 95 лица.

.