(ВИДЕО) Поради силно невреме, огромен крузер за малку ќе удреше во ресторан во Венеција
Синоќа регионот го зафати големо невреме проследено со силни ветришта, дожд и град. Погодени беа Србија и Хрватска каде што невремето направи голема материјална штета.
Невремето не ја заобиколи ни Италија каде што во Венеција огромен крузер, носен од силниот ветер, за малку ќе удреше во мал ресторан додека минуваше низ лагуна.
На видеото снимено во неделата се гледа како крузерот се движи многу близу до брегот, така што за малку ќе ги потопеше другите бродови во близина.
A cruise ship appeared to veer close to a Venice esplanade on Sunday amid stormy weather. https://t.co/Rve1LoJ3Pb pic.twitter.com/eXUw3pA8BG
— euronews (@euronews) July 8, 2019