(Видео) Падна стражар што го чуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора


Војник кој го чуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести додека се одржуваше церемонијата.

Тој колабира во раните утрински часови покрај ковчегот, што цела ноќ го посетуваа Британците, за да ѝ оддадат почит на кралицата.

Видеото стана вирално на интернетот, а на него се гледа како чуварот се онесвестува.

Неколку полицајци притрчаа да му помогнат. Останатите стражари, задолжени за чување на ковчегот, не се помрднаа.

Медиумите во Британија пишуваат дека инцидентот се случил при менувањето на гардата.