(Видео) Огромна експлозија во челичарница во Америка. Има мртви, десетици повредени

Едно лице е мртво, две се водат како исчезнати, а десетици се повредени по силна експлозија во челичарницата U.S. Steel Clairton Coke Works во Клертон, САД, град на околу 15 милји од Питсбург, соопшти полицијата на округот Алегени.
Според локалните власти, експлозијата заробила луѓе под урнатините, што предизвикало итна операција за спасување. Точниот број на повредени сè уште не е познат, но повеќето од примените немаат повреди опасни по живот, изјави портпаролката на службата за итна медицинска помош на округот Алегени, Кејси Рејнер.
Локалниот Оддел за јавно здравје, кој го следи квалитетот на воздухот, исто така е на местото на несреќата, додека гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, рече дека неговата администрација соработува со властите.
A rescue operation is underway for people trapped under rubble following an explosion at a Pennsylvania steel plant, county officials said.
It’s not clear how many people are trapped from the blast at the US Steel Clairton Coke Works plant in Clairton. https://t.co/wW0te3EYBQ pic.twitter.com/6QssqJ9ied
— ABC News (@ABC) August 11, 2025
„Ситуацијата останува активна и жителите во областа треба да ги следат упатствата на локалните власти. Ве молам, придружете ни се во молитвата за заедницата на Клертон“, објави гувернерот на социјалните медиуми.
На местото на настанот е испратено и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви на САД (ATF), потврди портпаролот на агенцијата. Причината за експлозијата сè уште не е позната, а истрагата е во тек.