(Видео) Огромен пожар во најголемиот светски производител на вакцини, има мртви


Голем пожар изби денеска во Индискиот институт за серум, фабрика за производство на вакцини во Пуне.

Пожарот фо гасат 15 пожарникари, соопшти шефот на противпожарната служба.

Од зградата се спасени тројца, а причината за пожарот уште не се знае, Според најновите информации, како што пренесува Тајмс оф Индија, загинале пет луѓе.

Пожарот не го зафатил делот каде се произведуваат вакцините против Ковид-19, ковишилд, која беше одобрена од индискиот регулатор, јави телевизијата НДТВ, повикувајќи се на извор од Институтот.

Индискиот институт за серум е најгоелм производител на вакцини во светот. Планира да произведе милијарда дози вакцина против Ковид-19 оваа година.