Видео: Ограбија, па убија млад Србин што шеташе куче во Филаделфија


Во четвртокот вечерта во Филаделфија, САД убиен е млад Србин, Милан Лончар, 25 годишен кој го шетал кучето во близина на своето живеалиште.

Додека го шетал кучето на Лончар му се приближуваат двајца осомничени, околу 19 часот, и се обидуваат да го ограбат.

На видеото од надзорни камери се гледа дека му вадат пиштол и му ги пребаруваат џебовите.

„Снимката од разбојништвото е забележана со видео-надзор. На снимката се гледа како разбојниците ги претресуваат џебовите на Лончар. Набрзо потоа еден од мажите пука и го погаѓа во градите. Засега се знае дека немало тепачка“, вели Скот Смол, инспектор во полицијата на Филаделфија.

Полицијата го нашла Лончар во вирче крв во полусвесна состојба. Иако ранет, и понатаму го стегал јажето на кое било врзано неговото куче. Итно е превезен во болница, но набрзо починал. Убиен е на стотина метри од својот дом.

Лончар е по потекло од Србија, но израснал и се школувал во Филаделфија. Дипломирал на Универзитетот Темпл во јануари 2019 година.