(Видео) НАСА објави компилација од импресивни сцени од Земјата во 4К резолуција


Американската вселенска агенција НАСА објави спектакуларно видео кое содржи сцени од Земјата во висока резолуција.

Малкумина имале можност да ја видат Земјата во живо од орбитата, а за сите останати кои не можат, НАСА објави одлично видео.

Станува збор за компилација од импресивни снимки, односно снимки од нашата планета кои се направени помеѓу март 2022 и март 2023 година за време на експедициите 67 и 68 на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Благодарение на овие снимки, секој може да се замисли во улога на член на екипажот на ISS и да ужива во сцените нешто помалку од еден час. Земјата е прикажана како да се гледа низ прозорците на вселенската станица.