(Видео) На натпревар наеднаш се појави пијавица, играчите побегнаа, храбриот судија остана средe вртлогот


Невообичаено видео доаѓа од еден фудбалски натпревар во Боливија.
Локални фудбалски тимови од пониските лиги во главниот град на Боливија Ла Паз, инаку град кој се наоѓа на неверојатна надморска височина од дури 3.600 метри, имаа проблем со мала временска непогода кога на сред натпреварот на теренот се појави пијавица.

За среќа, тоа беше краткатрајна песочна пијавица која изгледаше опасно, па играчите на двата тима побегнаа кон соблекувалната барајќи засолниште, пренесува Дневник.хр.

Како што се гледа на снимката која што се појави на социјалните мрежи, судијата се чини дека беше или најхрабриот или најискусниот на теренот, па тој остана додека миниторнадото минуваше директно над него.

Во еден момент од видеото, судијата повеќе не може да се види од подигнатиот песок од фудбалскиот терен, но на крајот сè заврши добро.

Летаа делови од опремата на фудбалерите и тоа беше сè. Ако имаше трева на теренот, веројатно немаше да ја има ниту оваа, на прв поглед, драматична снимка.