(Видео) На Австралијците дозволено им е да патуваат на Нов Зеланд, плачеа од среќа


Средби полни солзи го исполнија аеродромот во Окленд, Нов Зеланд откако на жителите на Австралија од денеска повторно, по повеќе од една година, им е дозволено слободно патување на овој остров, јави Би-би-си.

Долго очекуваниот таканаречен патнички балон на релација Австралија – Нов Зеланд значи дека патниците повече не треба да одат во карантин при доаѓањето. Илјадниви луѓе веднаш резервираа лет.

Двете земји ги контролираат жариштата на корона вирус и одржуваат ниска стапка на зараза, благодарение на строгите ограничувања.

Лушето стануваа пред зори за да стигнат

Возбудените патници ги исполнија аеродромите во Австралија за да отпатуваат во различни делови на нов Зеланд, а некои станаа пред зори за да бидат подготвени за влегувањето во авион.

„Не ни знаев колку ќе бидам емотивна денеска“, вели аптничката Дон Трат на аеродромот во Сиднеј, во текот на краткиот разговор за Би-би-си.

Иако смногу нестрпливо ја очекуваа средбата со најмилите, за другите патувањето беше потешко.

„Мојот постар брат почина минатиот четврток. Не успеавме да отидеме таму минатата недела, но денеска добивме прилика да се вратиме дома без карантин, а ако така остане, добро е… Многу е добро што можеме да појдеме и да го испратиме на последната почивка“, вели патникот на аеродормот Џон Палалаги.