(Видео) Мијач на прозорци виси од облакодер во моментот на страшниот земјотрес


Видео  на кое се гледка како мијач на прозорци виси од облакодер во Бангкок во моментот на земјотресот кој урна облакодер во истиот град.

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар во петокот беше почувствуван на илјада километри подалеку, во главниот град на Тајланд, Бангкок, каде што се урна облакодер. Загинаа 18 лица, а уште 78 се сметаат за исчезнати.

На социјалните мрежи кружат различни слики од Бангкок, на кои се гледа како вода се излева по облакодерите од базените на покривот.

На едно такво видео се гледа како мијач на прозорци виси на облакодер додека врз него паѓа огромна количина вода. За среќа, беше на работ на зградата, па не беше погоден од најголемиот бран на вода.

https://twitter.com/i/status/1905968946844471366