(Видео) Кинеска вежба за согорување на салото околу стомакот


Кинеската вежба за слабеење која ги освои сите на социјалните мрежи – помага да се ослободите од салото на стомакот!

Секоја година се појавуваат нови трендови во фитнесот, а во ерата на социјалните мрежи на „ТикТок“ и „Инстаграм“ постојано се појавуваат нови предизвици и техники. Така оваа сезона постои популарна вежба наречена „Кинески согорувач на маснотии“ која може да ви помогне побрзо да ослабете.

Техника за вежбање

Застанете и раширете ги нозете малку пошироко од рамената и благо свиткајте ги до колената. Подигнете ги рацете нагоре. Направете остро движење на колковите напред и малку нагоре, затегнувајќи ги глутеалните мускули. Потоа опуштете се додека се враќате на почетната позиција. Повторувајте ги интензивните движења одново и одново. Во видеото подолу погледнете како се изведува вежбата!

Стомачните мускули секогаш треба да бидат напнати и вклучени во процесот. Вежбата можете да ја правите еднаш или два пати на ден. И покрај очигледната едноставност на техниката, во првите денови буквално ќе почувствувате како функционира и ќе бидете уморни.

Како по правило, во видеото, девојките се движат со високо темпо на музиката, но првите неколку тренинзи вежбата можете да ја направите со свое темпо за да ја разберете техниката. Најчеста грешка на почетниците е да се движат не со карлицата, туку со колковите, додека го свиткуваат долниот дел од грбот. Прво, тоа е погрешно, и второ, може да доведе до повреда и болка.

Препорака на кинескиот тренер: за да научите како правилно да ја правите вежбата, застанете со грбот до ѕид, притискајќи ги рамената и задникот на него. Вдишете, целосно притискајќи го грбот на ѕидот и додека издишувате, турнете ја карлицата напред, напрегајќи го стомакот.

Иако оваа вежба може да ви помогне да изгубите тежина, процесот на слабеење започнува само со калориски дефицит – кога трошите повеќе енергија отколку што добивате од храната. Исто така, доколку имате одредени повреди, важно е да се консултирате со стручно лице пред да вежбате. За време на вежбата не правете ништо наеднаш и не „грчете“ за да не се повредите, туку полека совладете ја техниката, а потоа зголемете го темпото.