(Видео) Како изгледа возење со хајперлуп
„Вирџин хајперлуп“ (Virgin Hyperloop) го тестираше својот истоимен супер брз воз во американската пустина во Невада, а системот го тестираа двајца патници. Револуционерниот начин на превоз пред неколку години го промовира милијардерот Илон Маск, а концептот вклучува вагони во форма на капсула кои лебдат во вакуум тунел, придвижен од супермоќен електричен мотор.
Бидејќи Маск предвидува проектот да биде „отворен код“ (open source) ставајќи ја идејата пред заработката, многумина се вклучија во проектот, вклучувајќи ја и компанијата „Вирџин“ на Ричард Бренсон.
Во моментов се планира да се изградат три линии во следните пет години, со план за проширување на линиите на сите континенти. Мрежата е инспирирана од светскиот метро проект дизајниран од Марк Овенден во 2003 година. Идејата е подземните линии да одат под морето каде што ќе можат да развиваат максимална брзина од максимум 1.126 километри на час. Доколку овој проект се реализира, планетата би се поврзувала на глобално ниво со железнички линии што би биле поефикасни и поевтини од авиокомпаниите.