(Видео) Како да направите оцет од ананас: Домашен прелив од овошје кое одлично оди со салати како сос


Направете домашен оцет дома.

Ананасот содржи многу витамини А, Ц, калциум, калиум и фосфор. Исто така, ананасот не содржи многу масти и холестерол. Познато е дека редовното консумирање на ова тропско овошје го зајакнува имунолошкиот систем, го штити здравјето на коските, ги намалува хроничните воспаленија, го подобрува варењето и е одличен сојузник во слабеењето. Домашниот ферментиран оцет, чиј рецепт е претставен подолу, е одличен за салати и сосови.

Состојки:
1 ананас
80 гр шеќер
1 литар филтрирана вода

Подготовка:

Отстранете го врвот на ананасот каде што се наоѓаат листовите и измијте го со сода бикарбона. Исечете ја кората, внатрешноста и срцето на ананасот. Наредете ги кората и срцето во стерилизирана тегла. Посипете со шеќер и прелијте со вода. Се става на темно место и се остава 2 недели да ферментира. Секој ден тресете ја теглата по малку. По 2 недели се цеди во чисти шишиња и се користи за салати, сосови.