(Видео) Идентификувани жртвите од масакрот во Русија

Сите шест жртви во пукањето на универзитетот во рускиот град перм се идентификувани, наведува ТАС, повикувајќи се на неименуван извор од здравството.
Се работи за пет жени и едено моче на возраст од 20 години.
Според Рускиот истражен комитет, шест лица се убиени, а 28 ранети во пукањето на универзитетот во Перм на западот на Сибир. Нападот го извршил студент кој е ранет за време на апсењето.
На видео-снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како студенитите се евакуираат скокајќи низ прозорци од вториот кат на Државниот универзитет во Перм, околу 1.300 километри источно од Москва, пренесе „Москва тајмс“.
Некои го идентификуваат напаѓачот како Тимур Бекмансуров, повикувајќи се на неименуивани полициски извори.