(Видео) И мечето Падингтон се прости од кралицата Елизабета


На почетокот на јуни беа одбележани 70 години кралицата Елизабета на британскиот трон, а во таа прилика на Јутуб е поставено видео со мечето Падингтон. По веста за нејзината смрт, на социјалните мрежи се прости тоа.

Во видеото кое беше снимено за одбележување на 70 години владеење на кралицата, се гледа како мечето Падингтон пие чај со кралицата и открива што носи таа во својата ташна.

На социјалните мрежи, овој култен лик од британксата детска книжевност, се прости од Елизабета Втора.

„Ви благодарам, госпоѓо, за сѐ“.

Авантурите на измислениот и илустриран лик на мечето опишани се во повеќе од дваесет книги на авторот мајкл Бонд.

Љубезното мече со својот стар шешир, куфер, мантил и љубов кон мармаладот стана класичен лик во британската детска книжевност.

Мечето Падингтон е измислен лик во детската книжевност кое прв пат се појавува во 1958 година во книгата „Мечето наречено Падингтон“.