(Видео) Град со големина на голф-топчиња искрши автомобили во Германија


 

Германската покраина Баварија, особено Минхен и околината, синоќа ги зафати силно невреме, кое направи голема штета, а повеќе лица се повредени.

Во покраината паѓаше град со големина на голф-топче, додека евтрот корнел дрвја.

Градот искрши стакла на авотмобилите, прозорците на зградите и нанесе голема штета на фасадите на куќите.

Во Осталгој бурата искорна дрвја, а едно дрво повреди седумгодишно моме и двајца мажи. Тие биле на велосипеди и побарале засолниште покрај паднато дрво, но друго дрво паднало врз нив.

Момето е со тешки повреди, а мажите со полесни.

Невремето доведе и до прекин во железничкиот сообраќај.