(Видео) Големи нереди во Германија, опожарен пензионерски дом, уапсени над 300 лица, повредени полицајци


Во Берлин на новогодишната ноќ избувнаа нереди во кои демонстрантите користеа петарди и ракети за огномет. Уапсени се повеќе од 300 луѓе, јавија агенциите.

Најмалку 15 полицајци се повредени, а повеќе од 300 лица се уапсени во немирите во Берлин на новогодишната ноќ.

Демонстрантите, главно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, пренесува Билд.

Најголемите судири се забележани пред Црвеното градско собрание кај Александарплац.

Немири избувнаа и во Лихтенраде, јужно предградие на Берлин.

Десет лица со тешки повреди се примени во болница во Берлин.

Во Нојколн гореше пензионерски дом. Наводно, ракетата влетала низ прозорецот. Никој не е сериозно повреден, неколку лица настрадале од вдишување чад.

На улица во Нојкелн беа запалени барикади направени од дрвени палети, но полицијата набрзо ги отстрани. Нашле и скривалиште исполнето со готови молотови коктели за употреба.

Полицијата ги растера противниците на Израел кои спонтано се собраа да извикуваат антиизраелски пароли. „Ова е Нојколн, Германија е некаде на друго место“, изјави еден од учесниците во немирите за новинарот на Билд.

Полицијата уапси 20 лица во Франкфурт на Мајна откако стотици млади луѓе фрлаа петарди на други славеници и полицајци.

Во Кобленц од експлозија на петарда загина 18-годишник, а полицијата го истражува случајот.

Во Аугустусплац, плоштад во Лајпциг, неколку луѓе беа повредени од петарди.