(ВИДЕО/ФОТО) Двајца загинати во експлозија на руски воен објект
Две лица загинаа, а шестмина се повредени кога експлодирал млазен мотор во руски воен објект во близина на северо-западниот пристанишен град Аркхангелск.
Експлозијата се случила за време на тестот на моторот со течен погон, се вели во денешното соопштение од Министерството за одбрана на Русија.
Претходно оваа недела пожар и серија експлозии избувнаа во руско складиште за муниција во Сибир, при што загина најмалку едно лице, а неколкумина се повредени.
https://www.instagram.com/p/B0x5oqaI3D1/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B0x-YVlgKuR/?utm_source=ig_embed