(Видео) Џек Ма се обрати на јавноста по три месеци


 

Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, постави видео-снимка на интернет.

Со тоа заврши неговото речиси тримесечно исчезнување од јавноста, поради што почнаа нагаѓања за неговиот статус и деловна империја.

Во снимката, која трае 50 секунди, Ма им честиташе на учителите кои ги поддршува неговата хуманитарна фондација, но не го кометираше своето исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговата група Алибаба и Ент групата се под надзор на инспекцијата.

Видео-снимката се појави на кинески бизнис вести и други портали, пренесе АП.

Ма последен пат е виден на 24 октомври, кога ја критикуваше финансиската инспекција на самитот во Шангај.

Некои странски медиуми, како британски Глобал тајмс, ја објавија снимката на своите социјални мрежи.