(Видео) Додека светот зборува за антисекс креветите, олимпиец се фрли на работа и ги тестираше


Антисекс креветите на Олимписките игри предизвикаа големи дискусии ширум светот.
Речиси цел свет се уште зборува за картонските кревети кои ги пречекуваа спортистите на Олимпијадата во Париз, а еден олимпиец реши да ја тестира теоријата дека тие всушност биле кревети против секс!

Но, дали е навистина така?

Бидејќи креветот е направен од картон, многумина однапред претпоставуваа дека рамката нема да издржи никаков облик на интимност, што е повеќе од вообичаено на Игрите, за што отворено зборуваше поранешната германска олимпијка, а ирскиот гимнастичар Рис МекКленаган реши да го тестира. 

Почнал да се фрла, да скока на креветот, па дури и да прави салто, по што можел да заклучи само една работа: тестот беше успешен, ова не се кревети против секс! Тој докажа дека рамките за креветите се многу поцврсти и поиздржливи отколку што многумина мислеа.

Во одбрана на својот производ застана и компанијата која ги произведува картонски кревети која ги негираше обвинувањата, додавајќи дека креветите се направени за три до четири лица:

„Ги дизајниравме картонските кревети така што три до четири лица можат да скокаат на нив, бидејќи луѓето се многу среќни по освојувањето на медал“, објасни Мотокуни Такаока, основач и претседател на „Ервејв“ (Airweave), компанија која произведува картонски кревети.