(Видео) Демонстрантите го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази

Демонстрантите денеска го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази, вториот по големина град во Либија, каде е направена значителна материјална штета, соопштија извори блиски до безбедносните сили.

-Група демонстранти рано утрово го нападна Советот на министри, подметнаа пожар и побегнаа, изјави извор близок до Министерството за внатрешни работи на паралелната влада во Либија.

Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото и го изгаснале пожарот, во кој е уништен главниот влез на зградата.

Либија се наоѓа во целосен хаос од 2011 година, кога долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи беше симнат од власт и набрзо потоа убиен.

Либија од 2015 година е поделена меѓу двете ривалски влади, бунтовничката на истокот од земјата и меѓународно признатата во Триполи.