(Видео) Берлин под солзавец


Полицијата во Берлин употреби солзавец на протестот против корона рестрикциите, во близина на зградата на парламентот, јави дописникот на Франс прес.

Полицијата претходно преку разглас ги повика насобраните да се разотидат.

Недалеку од зградата на Рајхстагот се собраа, според извештаите на полицијата околу 8.000 демонстранти, а некои меѓу нив носеа заштитни маски.

Протестите се организираат во време кога долниот дом на германскиот Бундестаг озлучува за законот кој на сојузната влада ѝ дава овластување кога станува збор за борбата против пандемијата од корона вирус, на сметка на покраините кои инаку се надлежни за здравството.

Со законот треба да се овозможи воедначена примена на итните кочници во областите во кои корона вирусот се шири пребрзо.

Намерата е да се прекине примената на различните мерки кои 16 германски сојузни држави ги усвојуваа како одговор на пандемијата.