(ВИДЕО) Авион принудно слета во поле во близина на Москва, повредени 23 лица
Дваесет и три лица се повредени, меѓу кои и девет деца, кога руски патнички авион принудно слета на поле недалеку од аеродромот „Жуковски“ набргу по полетувањето од Москва.
Авион со 234 патници и членови на екипажот на компанијата „Урал ерлајнс“ летал од Москва кон Симферопол кога авионот налетал на јато птици, пренесува ТАСС.
„Дојде до принудно слетување на аеродромот ‘Жуковски’. Птиците влетале во двата мотора на авионот. Моторите се исклучиле, екипажот слетал на еден километар од пистата“, рече Сергеј Скуратов, генерален директор на компанијата „Урал ерлајнс“, за ТАСС.
«Сегодня. А321, «Уральские авиалинии», 233 человека на борту, жесткая посадка в Раменском районе Московской области.
…
Никто не погиб. Как пилот нашёл место для посадки, посадил самолёт на брюхо, самолёт не загорелся – загадка. Герой»(с) pic.twitter.com/kmtR8UvCuO— Юлия Витязева (@Vityzeva) August 15, 2019