Ветришта до 110 км. на час: Во Велика Британија издадено портокалово предупредување поради бурата Флорис

Метеоролошката служба на Велика Британија денеска издаде портокалово предупредување за областа на Шкотска, бидејќи се очекува бурата Флорис утре да го погоди тој дел од Обединетото Кралство, со ветрови кои би можеле да достигнат до 145 километри на час.
Според најавите, бурата ќе донесе „невообичаено силен ветер“ во поголемиот дел од Шкотска, пишува Скај њуз.
Се очекуваат ветрови со брзина од 80 до 110 километри на час во повеќето области, а во крајбрежните делови може да достигнат и 145 километри на час.