Венера во Скорпија на кого му носи љубов и пари?


Венера во знакот на Шкорпија влезе на 10 септември и носи промени во областа на парите и љубовта! Останува во овој хороскопски знак до 7 октомври.

Нејзиниот престој во овој знак, познат по мистичноста, привлечноста, но и големите трансформации, на сите ни носи промени. Има најголемо влијание врз следните три знаци …

Бик

Владетелот на вашиот знак поминува низ вашата куќа на бракот и партнерството, така што можете да очекувате топлина, љубов, прекрасна комуникација со вашиот партнер. Ако сте сами, ова е одличен период што ќе ви отвори многу можности.

Биковите чекаат убав период и на деловниот план. Успешни проекти, добри договори, пријатни односи со колегите – ова ќе бидат денови што навистина ќе ве задоволат. Дамите ќе посветат посебно внимание на облекувањето што дополнително ќе ја зголеми нивната харизма.

Рак

Венера владее со вашата куќа на пари, така што периодот што следи ви носи вистинско богатство. Следуваат покачувања, профити, признанија. Сите оние кои се занимаваат со бизнис поврзан со модата и убавината ќе бидат особено успешни. Можно е да пристигнат некои долгогодишни, неплатени хонорари.

Скорпија

Венера владее со вашето поле на партнерство и асоцијација, и во наредниот период ќе ви донесе огромна привлечност и популарност. Секој ќе забележи колку зрачите, спротивниот пол ќе биде повеќе од заинтересиран.

За сите Скорпии во среќен брак, ова е време на многу убави подароци и можеби некое незаборавно патување. Исклучително сте креативни, можете да ја завршите работата, особено ако работите со партнер.