Венеција ги забрани пластичните конфети за време на карневалот
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунјаро донесе одлука да ја забрани употребата на пластични конфети и и други украсни предмети од пласика за време на карневалот во Венеција со цел заштита на животната средина.
Во одлуката се наведува дека забраната ја покажува посветеноста на Венеција за заштита на животната средина, како и имиџот и пристојноста на градот.
Забраната за пластичните конфети е со цел да се зачува особено историскиот центар на Венеција, кој е на листата на УНЕСКО.
Како што се наведува, прекршителите на забраната ќе треба да платат казна од 25 до 500 евра.