Веќе 40.000 жртви од корона вирусот во САД


Празните улици на Лос Анџелес (Фото: Ројтерс)

На 29 февруари беше забележан првиот смртен случај во САД, на 6 април имаше 10.000 мртви, на 11 април веќе 20.000 мртви. Бројот на мртвите од 30.000 на 40.000 се искачи за само четири дена

 

Гувернерите во американските држави најтешко погодени од новиот корона вирус се спречкаа со претседателот Доналд Трамп во врска со неговите тврдења дека имаат доволно тестови и треба брзо да ги отворат своите економии, додека се планираат повеќе протести против одлуките за останување дома.

Во Њујорк хоспитализациите се спуштија на 16.000 од највисокото ниво од 18.000, а падна и бројот на пациенти кои се одржуваат во живот со респиратори. Имаше 507 нови смртни случаи, што е намалување од над повеќе од 700 на ден.

„Доколку податоците го задржат овој тренд ние го поминуваме високото плато и сите индикации во овој момент се дека сме на спуштање“, рече гувернерот Ендрју Куомо на дневниот брифинг и ги повика жителите да продолжат со социјалното дистанцирање. „Покажавме дека можете да го контролираме ѕверот. Но, ова е само половина време“.

За да се добие основа за тоа колку луѓе биле заразени со корона вирусот, Куомо рече дека државата ќе го направи најагресивното тестирање со антитела следната недела користејќи случаен примерок. Њујорк ќе тестира 2.000 луѓе на ден или 14.000 неделно од 19-те милиони жители во државата.

Соединетите Држави досега имаат најголем број на потврдени случаи на корона вирус во светот, со повеќе од 740.000 инфекции и над 40.000 смртни случаи.

На Соединетите Држави им беа потребни 38 дена откако го забележаа својат прв смртен случај на 29 февруари за да достигнат 10.000 смртни случаи на 6 април, но само уште пет дена да достигнат 20.000 мртви, според извештајот на Ројтерс. Бројката на почината во САД се искачи од 30.000 на 40.000 за четири дена.

Куомо, заедно со другите гувернери, се борат за повеќе тестови за откривање на нови инфекции, како и за тестирање на имунитет, како дел од плановите за повторно отворање на нивните држави.

Републиканскиот гувернер на Мериленд, Лери Хоган, за време на интервјуто за Си-ен-ен, рече дека тврдењата на Трамп и потпретседателот Мајк Пенс дека државите имаат многу тестови се „апсолутно неточни“.

Гувернерот од демократите, Ралф Нортам, од Вирџинија за Си-ен-ен изјави дека идеите дека државите имаат доволно тестови биле „заблуди“.

Регионот Мериленд, Вирџинија и Вашингтон ДЦ сè уште бележат зголемени случаи. Њу Џерси во неделата објави дека новите случаи се зголемиле за речиси 3.900, најмногу во повеќе од две недели. Во Бостон и Чикаго исто така се појавуваат жаришта со пораст на инфекции и смртни случаи. (Ројтерс)