Вчера избувнал пожар под Железничката станица во Скопје – горело насобрано ѓубре


Вчера во близина на Железничката станица во Скопје избувнал пожар откако се запалило насобрано ѓубре, предизвикувајќи густ чад кој можел да се забележи од поголема оддалеченост, сведочат граѓани за порталот „МКД.мк“.

Според сведоштвата на граѓаните за порталот, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало граѓани кои чекале автобус на постојката која се наоѓа веднаш под самата Железничка станица.

Исто така, граѓани кои се нашле во близина, за МКД.мк рекле дека густ чад се ширел низ Железничката станица, што привремено предизвикало намалена видливост и непријатност кај минувачите.

Екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, интервенирале на терен и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.