ВАЖНО: Колку долго меленото месо може да остане во замрзнувач

Само што купено мелено месо може да остане во фрижидер еден ден, најмногу два, па доколку не планирате да го користите во тој период, најдобро би било да го ставите во замрзнувач. Но, запомнете, и тој не може да остане таму бесконечно.
Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи својот вкус по долго седење, според американското Министерство за земјоделство (USDA), дури и ако е во замрзнувач, што значи дека не може да остане таму засекогаш.
Ако е термички обработено, може да остане замрзнато два до три месеци и вкусот нема да се промени толку многу бидејќи дел од влагата веќе е изгубена при готвењето.
Суровото мелено месо може да се чува во замрзнувач три до четири месеци. Секако важно е и како се подготвува.
Во оригиналното пакување може да остане до две недели, а доколку планирате да го чувате подолго од тоа, би било добро пакувањето да го завиткате во фолија.