Важни месеци за „Алфа Ромео“


 

Следните неколку месеци ќе бидат исклучително важни за производителот на автомобили „Алфа Ромео“.

Италијанската компанија се подготвува да открие неколку новини кои ќе ја насочат иднината на реномираниот производител.

Веќе е познато дека „Алфа Ромео“ ќе ги претстави редизајнираните верзии на своите ударни модели „џулија“ и „стелвио“, веројатно на саемот во Лос Анџелес, најдоцна во Женева во март.

Наскоро стигнува и продукциската верзија на кросоверот “тонале“ чиј дизајн ја одушеви јавноста предн неколку месеци.

„Тонале“ на пазарот ќе се појави веројатно на почетокот на 2020 година, а великанот од Милано полага големи надежи во овој модел.

Освен тоа, „Алфа Ромео“ на некој од наредните саеми треба да претстави и одреден концептен модел.