Вандали ја оштетија скулптурата на „Налутеното момче“ во Осло

Најпознатата норвешка скулптура на „Налутеното момче“ е отстранета од постаментот откако вандали се обиделе ја ѝ ја отсечат левата нога во вторникот.
Бронзената скулптура се смета за наионално богатство и е најпознатото дело на прочуениот норвешки скулптор Густав Вигеланд.
Скулптурата ќе биде вратена на место откако ќе биде поправена
Општината Осло, во чија сопственот е паркот со скулптурите на Вигеланд, вели дека инцидентот се истражува. Ова не е прв пат скулптурата на да биде цел на вандали, а за да се спречат вакви оштетувања во 2005 година беа поставени камери околу скулптурата.
„Ова е штета на културно богатство и полицијата ќе истражува“, велат од градот.
Од Градот Осло, остануваат на ствот дека околу „момчето“ не треба да се ставаат заштитни огради, за да можат посетителите на паркот одблизу да уживаат во неа.
Оваа скулптура е поставена во паркот „Фрогнер“ во 1940 година, а оттогаш многупати била цел на вандали.
На новогодишната ноќ во 1991 година била украдена, а во 2012 обоена потполно во црвено.
Во паркот „Фрогнер“ има 58 бронзени скулптури на Вигеланд изработени од 1925 до 1933 година.