Вакцинирани корисници во старечки дом во САД масовно се заразија со нов сој


 

Во еден стаечки дом во САД, неговите корисници кои биле вакцинирани, во март сепак се заразиле со корона вирус, откако невакциниран член на персоналот во домот внесол нов сој вирус, покажа американска студија објавена вчера.

Вирусот се проширил во таа институција во Кентаки и заразил 44 лица, од кои 24 корисници и 20 негуватели.

Меѓу заразените имало 18 корисници на домот кои биле вакцинирани со две дози „Фајзер“ вакцина, а од негувателите четворица примиле две дози вакцина, покажа студијата на Центарот за превенција и контрола на болести.

Тоа покажува дек апостојат ограничувања кога се работи за вакцинирањето како единствена опција во борбата против Ковид-19, посебно против неговите нови варијанти, пишува Франц прес.

Еден од 18-те вакцинирани корисници на домот почина

Иако е клучна, вакцинацијата мора да биде следена со „продолжение на внимателност и превенција од инфекцијата и контрола“, нагласуваат авторите на студијата кои ја истакнуваат важноста од миење раце следење на случаите, изолација на заразените и нивните контакти, и тоа се неповрзано со вакцинацијата.

Но, тие велат дека меѓу вакцинираните заразени лица, само третина имале симптоми, за разлика од 83 отсто меѓу невакцинираните.

Само еден од 18 вакцинирани корисници на домот починал, додека меѓу заразените невакцинирани штитеници, а такви биле шест, двајца починале.

„За да се заштитат корисниците на домовите клучно е негувателите, како и самите штитеници да бидат вакцинирани“, се заклучува во студијата.