Вака сите ги полниме телефоните, а не треба


Батериите во паметните телефони имаат ограничен животен век, кој се скратува со неправилна употреба и полнење. Имено, повеќето луѓе ги полнат телефоните во текот на ноќта додека спијат, а ова е всушност голема грешка.

Полнењето на телефонот цела ноќ и оставањето на уредот на полнач дури и кога ќе достигне 100 проценти не е добро за батеријата, бидејќи го забрзува процесот на нејзино слабеење. Сепак, неизбежно е батеријата да ослабне со текот на времето, но ако продолжите да го полните телефонот вака, тоа ќе се случи многу побрзо.

Сепак, пак, од Google тврдат дека ова е предрасуда и дека смартфонот сам ќе го прекине процесот на полнење кога батеријата ќе достигне 100 проценти. Литиум-јонската батерија најмалку слабее ако ја држите на 30 или 50 проценти полнење. Samsung и Apple се согласуваат, пренесува Business Insider, дека најдобро е батеријата да биде наполнета до 50 проценти, бидејќи тоа „ќе помогне да се продолжи животниот век“.