(Видео) Вака Грците прават макарони со спанаќ и фета сирење
Има многу рецепти за макарони, а ние ви предлагаме да ги направите на грчки начин со фета и спанаќ.
Познато е дека макароните доаѓаат од Италија и ги имаат најдобрите рецепти. Но, исто така, во секоја земја домаќинките и професионалните готвачи го прилагодуваат познатото јадење на нивниот вкус. Ви го пренесуваме и познатиот грчки рецепт кој комбинира миризлив бешамел сос, фил од спанаќ и фета сирење (фил за спанакопита) со тестенини. Ви предлагаме да го пробате овој рецепт за печени макарони, бидејќи сме сигурни дека ќе ви се допадне.
Состојки:
500 гр макарони
230 гр моцарела
120 гр фета сирење
За полнење:
1 китка млад кромид
3-4 лажици маслиново масло
700 гр спанаќ
1 лажичка сушен копар
120 гр крем сирење
300 гр фета сирење
За бешамел сосот:
4 супени лажици маслиново масло
6 лажици брашно
4 чаши млеко
1/4 лажичка морско оревче
2 јајца
1-2 чаши пармезан
Рецепт за макарони со спанаќ и фета сирење:
Сварете ги макароните. Во тавата сипете маслиново масло, па додадете го ситно исечканиот млад кромид. Пржете додека не омекне, а потоа додадете мелено лукче. Пржете една минута, а потоа во тавата додајте го исчистениот и измиен спанаќ. Зачинете со сол и бибер, па пржете додека спанаќот исто така не омекне. Се трга од оган и се додава копарот и крем сирењето. Сè убаво измешајте, па додадете ја искршената фета. Повторно измешајте сè додека состојките добро не се соединат.
Во тенџере загрејте го маслиновото масло, па додадете го брашното. Пржете неколку минути со постојано мешање, а потоа истурете го млекото. Гответе додека не се згусне со постојано мешање. Кога бешамелот е готов, посолете го, побиберете го и посипете го со морско оревче. Сè добро измешајте. Се трга од шпорет, па се додаваат изматените јајца и пармезанот и се убаво се меша.
Исцедените макарони (половина од количината) ставете ги во огноотпорен сад, а потоа прелијте ги со една лажичка бешамел сос. Потоа издробете малку фета и моцарела сирење и измешајте. Прелијте го со филот со спанаќ, па додајте ги преостанатите тестенини и повторно прелијте со една лажица бешамел сос. Посипете со фета сирење, како и моцарела, па прелијте го со преостанатиот бешамел сос. Се пече во загреана рерна на 180°C околу еден час. Оставете да отстои 2 часа по печењето, па послужете.